Наполи направи неверојатно добар потег со позајмицата на Џакомо Распадори, 22-годишен играч кој блеска во дресот со сина боја на сите фронтови.
Распадори и вечерва покажува врвна класа и со два гола за Наполи против Ајакс, го води италијанскиот лидер кон сигурна победа за максималмни 9 бода, во групата уште со Ливерпул и Глазгов ренџерс.
Џакомо претходно со голови за Италија против Англија и Унгарија ги одведе Аѕурите на фајналфор во Лигата на нациите и четирикратниот светски првак и актуелен европски шампион ќе игра за титулата во ова натпреварување.
Вечерва е најзаслужен за чудесниот пресврт на Наполи во Амстердам, откако Ајакс поведе со 1:0.
Распадори даде два гола и со помош на Ди Лоренцо, на Зјелински и Кварацхелија го води Наполи кон сигурна победа, трета во третиот меч во ЛШ.
Наполи по еден час игра води со 5:1 и ако ја задржи предноста, ќе има максимален број бодови.
Интересно е што Џакомо има постигнато 6 гола на последните шест меча, а Наполи во август само за 5 милиони евра го доведе во своите редови како позајмен играч од Сасуоло.
Сега има и право по завршувањето на оваа сезона да доплати 25 милиони евра, плус и бонуси од пет милиони евра за Распадори да има статус на постојан играч на Наполи.