На неполни 24 часа од изборот на драфтот, екипите почнаа да прават размени и во првата голема размена во која учествуваа три тима главна ѕвезда е Летонецот Кристапс Порзингис.
Новинарот Адријан Војнаровски објави дека во размената ќе учествуваат три тима, Бостон селтикс, Вашингтон визарс и Мемфис гризлис, иако до вчера во игра беше ЛА клиперс.
FINAL TRADE DETAILS:
Celtics receive: Kristaps Porziņģis, 2023 & 2024 first-round pick
Grizzlies receive: Marcus Smart
Wizards receive: Tyus Jones, 2023 second-round pick pic.twitter.com/d4nW7tjlhH
— Bleacher Report (@BleacherReport) June 22, 2023
Порзингис во следната сезона ќе настапува за Бостон селтикс, Маркус Смарт ги напушта Келтите и ќе оди во Мемфис, а Тајус Џонс ќе игра за Вашингтон.
Вашингтон притоа ќе ги добие и Данило Галинари и Мајк Мускала, Мемфис пак ќе го даде 25-тиот пик од вечерашниот драфт, како и избор од првата рунда на драфтот идната година.
Бостон на Вашингтон ќе му го даде 35-тиот пик од годинешниот драфт. По размената, Бостон има три супер ѕвезди во тимот, Џејсон Тејтум, Џејлен Браун и Порзингис, со кои ќе биде главен фаворит за пласман во големото НБА-финале.
Претходно Бостон и Вашингтон договараа размена со ЛА клиперс, но таа пропадна и Мемфис влезе во последен момент бидејќи му беше потребен искусен кошаркар кој има искуство во плејофот и го добија во Маркус Смарт, кој по девет сезони си замина од Бостон.