11.8 C
Skopje
сабота, 18 октомври 2025

Направена листа на фаворити за СП 2026: Една африканска земја е пред Германија и Бразил

Најголем дел од репрезентациите кои ќе бидат учесници на Светското првенство во 2026 година се познати или речиси на прагот да го заверат учеството. По завршување на октомвриските репрезентативни возбудвања во квалификациите ширум светот, планетарно популарниот сајт goal.com, направи листа на селекции кои ги смета за фаворити за освојување на највредниот трофеј во фудбалот.

Според тоа рангирање, на првото место, со најголеми шанси да стигне до титулата на Мундијалот е актуелниот европски првак Шпанија. На второто место е бранителот на планетарниот трон, селекцијата на Аргентина, а во Топ 3 има место и за Англија, која играше во финалето на последното Европско првенство.

Потоа на листата следуваат селекциите на Португалија и Франција, а шеста е Холандија. Најголемото изненадување е рангирано на седмото место, а тоа е националниот тим на Мароко. Оваа африканска репрезентација на последното Светско првенство стигна до полуфиналето, а и сега е меѓу најголемите фаворити за висок пласман.

Интересно е дека Мароко е подобро рангиран од некои светски фудбалски велесили, па така Германија е на осмото место, а Бразил е дури деветти. Топ 10 листата ја заокружува Јапонија. Хрватска која игра фантастично на последните Мундијали сега е рангираната на 14-тото место, а интересно е дека Италија е дури на 17-тата позиција. Тоа и не е чудно ако се знае дека Аѕурите имаат сериозни проблеми да се пласираат на завршницата. Тие воопшто не играа на последните два планетарни собири.

 

- Оглас -

Најнови вести