Кристијано Роналдо е незадржлив без разлика дали е на клупски или на репрезентативец план. Иако има 40 години, едноставно без него не може да се замисли репрезентацијата на Португалија, па на последниот меч против Унгарија постигна два гола во ремито 2:2.
Со тие два погодоци Роналдо стигна до бројката од 948 голови во кариерата, што значи дека направи уште еден чекор напред до остварување на неверојатното, а тоа е да стане првиот фудбалер во историјата кој стигнал до 1.000 погодоци во професионалната кариера.
Според темпото на постигнување погодоци во последните неколку години, направена е пресметка за тоа кога може да се очекува Роналдо да стигне до магичната бројка од 1.000 гола.
Доколку нема повреди и непланирано отсуство од теренот, се очекува Роналдо јубилејниот илјадити гол да го постигне во октомври 2026 година. Тоа значи дека точно за една година може да биде испишана историјата.
Останува само Роналдо да продолжи во исто темпо, во ист ритам и Португалецот точно за една година од сега да исполни една од неговите мисии, а тоа е да биде првиот во историјата со 1.000 гола.