Направена пресметка која група е најсилна, а која најслаба на СП во Катар

Со специјална церемонија, вчера во Доха беа извлечени осумте групи за Светското фудбалско првенство кое зимово ќе се игра во Катар. За прв пат еден Мундијал ќе биде во ноември и декември, но тоа е така, затоа што во летниот период во Катар е неподносливо топло.

По формирањето на групите за планетарниот собир имаше многу реакции, а со свои пресметки се изнесе и рејтингот ЕЛО, кој е познат како најпрецизен во предвидувањата на фудбалските мечеви.

ЕЛО во своите калкулации ги пресметува важноста на мечот, предноста на домашен терен, шансите за победа и уште неколку параметри кои одлучиле дека најтешката група на Мундијалот ја сочинуваат Бразил, Швајцарија, Србија и Камерун. Според пресметките, најслаба е групата А каде се домаќинот Катар, Холандија, Сенегал и Еквадор.

Направена е пресметка и според критериумите на тоа на кои позиции на ФИФА листата се наоѓаат селекциите во групите. Според тој критериум, најсилна е групата во која се Англија, САД, Иран и Велс доколку Велшаните го поминат баражот каде го чекаат подобриот од дуелот Украина – Шкотска.

И според овој критериум најлесна е групата А каде предводник е домаќинот Катар.

- Оглас -

Најнови вести