Направена ждрепката за италијанската Серија А, Наполи во првото коло гостува кај новакот Фрозиноне

Денеска беше направена ждрепка за новата сезона во италијанската Серија А и познат е целиот распоред.

Сезоната стартува на 20 август годинава и ќе трае до 26 мај 2024. Овојпат нема да има пауза за Божиќ бидејќи има закажани мечеви на 23 и 30 декември. Повторно распоредот е асиметричен, во втората полусезона нема да биде истиот распоред како во првиот дел.

Првакот Наполи титулата почнува да ја брани на гости кај новиот прволигаш Фрозиноне. Другите парови за првото коло се: Болоња – Милан, Емполи – Верона, Џенова – Фиорентина, Интер – Монца, Лече – Лацио, Рома – Салернитана, Сасуоло – Аталанта, Торино – Калјари и Удинезе – Јувентус.

Јуве почнува исто како што ја заврши минатата сезона, со гостување кај Удинезе, првото големо граско дерби е Интер – Милан во четвртото коло, а во Наполи се задоволни од календарот бидејќи по пет од шесте меча од групната фаза во Лигата на шампионите ќе треба да играат дома во првенството.

- Оглас -

Најнови вести