Направи револуција со италијанскиот хит и доби награда да продолжи до 2024 година

Џанпјеро Гасперини е творецот на фудбалската револуција со Аталанта, екипа што е хит во последнте неколку сезони и ги собра симпатиите на неутралните љубители на фудбалот, а наградата е продолжување на договорот до 2024 година.

Се очекува само клуот официјално да објави дека е постигнат и потпишан договор, а Гасперини ќе има можност да продолжи уште една сезона, односно да го води тимот и во 2024/25.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1465769191961726978?s=20

Популарната Ла Деа игра атрактивен фудбал во ерата на Гасперини, тренер кој пристигна во Бергамо во 2016 година од Џенова.

Во 2019 и во 2020 година Гасперини двапати по ред беше прогласен за најдобар тренер во Калчото, а иако Аталанта нема ниту еден трофеј во период од пет години, тимот е исклучително симпатичен и во Италија и во Европа со филозофијата да се игра напаѓачки фудбал против сите ривали.

 

 

- Оглас -

Најнови вести