Фудбалската репрезентација на Комори за прв пат во историјата е дел од Африканскиот куп на нации и веднаш приреди сензација. Четвртата најмала земја во Африка, успеа да ја победи Гана и со тоа да ја помине групната фаза, пласирајќи се во осминафиналето.
Нокаут фазата започнува денеска со два меча и тоа Буркина Фасо – Габон и Нигерија – Тунис.
Новиот предизвик за Комори е дуел против домаќинот Камерун. Нема дилеми дека Камерун е огромен фаворит за победа на мечот кој се игра в понеделник. Освен што го добија домаќинот а ривал, дополнителен проблем за Комори е големиот број на заразени фудбалери со Коронавирусот.
Дури 12 позитивни случаи има во оваа селекција, а освен селекторот Амир Абду, позитивни се и голманите Мојадх Осеини и Али Ахамад, додека Бен Боин е повреден. Во една ваква ситуација, Комори е без ниту еден голман во тимот, а челниците на африканската федерација наложија дека мечот мора да се игра ако се има 11 фудбалери во составот кои се негативни на Коронавирусот.
„Само во исклучителни случаи орханизаторот може да одлучи еден меч да не се одигра“, стои во соопштението.
Copa Africana: Todos os goleiros de Comoros são infectados por Covid-19 – https://t.co/aaN8NKVhow pic.twitter.com/5FDb2ScKjr
— Torcedores.com (@Torcedorescom) January 22, 2022