Нарачајте дрес од РК Вардар и навивајте за Црвено-црните

Ако сте љубител на ракометот и клубот Вардар ви е при срце, а уште немате црвено-црн дрес со логото на актуелниот европски првак, Sport Life ви нуди оваа недела единствена можност да станете вистински фан со дрес.

Од 16.09.2019 до 22.09.2019 имате можност да нарачате во СЛ Маркетот официјален дрес од РК Вардар со промотивен попуст. Наместо за редовната цена од 120.000 поени, дресот може да биде ваш за 100 илјади.

Вардарци победнички ја стартуваа новата сезона во Лигата на шампионите, како гости го победија Монпелје, во претстојниот викенд го пречекуваат Порто, во групната фаза ќе играат и со Веспрем, Кјелце, Кил, па немојте да ја пропуштите шансата да се пофалите со нов дрес и да се појавите во „Јане Сандански“, за да им помогнете на ракометарите да редат победи. Попустот во СЛ маркетот не е за потценување, нарачајте си дрес од која било величина и бидете вистински навивач на РК Вардар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести