Победата против Новак Ѓоковиќ како да имаше негативен ефект врз италијанскиот тенисер Лука Нарди. Откако славеше во дуелот со најдобриот светски тенисер и влезе во топ 100 на АТП-листата, Нарди не може да добие меч.

Прво загуби во Индијан Велс од Томи Пол, а сега не успеа да ги мине ни квалификациите во Мајами, елиминиран е од Чехот Јакуб Меншик со 4-6, 2-6.

