Наредба од Федерацијата: како домаќини мора да играат на 1.400 километри од дома!

Враќањето на фудбалот по корона-вирусот нема да биде лесно, а тоа на потешкиот начин го дозна и португалскиот прволигашки клуб Санта Клара. Клубот доби наредба од Фудбалската федерација на Португалија дека кога сезоната ќе продолжи, Санта Клара нема да може своите домашни мечеви како досега да си ги игра дома на Азорските Острови во Атлантскиот океан, туку во близина на Лисабон, каде што Федерацијата има свој комплекс.

Проблемот е што секој што ќе слета на Азорските Острови, мора веднаш да замине во 14-дневен карантин, па затоа не е можно гостински тим да игра таму. Затоа, наместо тимовите да патуваат до таму, Санта Клара ќе се пресели и ќе тренира и игра пет домашни мечеви на терените на Федерацијата.

Од Понта Делгада, каде што Санта Клара игра како домаќин, до Лисабон има повеќе од 1.400 километри и авионскиот лет трае околу 2 часа и 25 минути. Португалската лига продолжува на 4 јуни.

„Каде и да играме, во нашите срца секогаш ќе бидат луѓето од Азорските Острови и на градите секогаш ќе го имаме азорското знаме“, објавија од клубот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести