Вистинска обложувачка мајсторија се случи викендов во Куманово. Во саботата беше уплатен тикет на којшто имаше 13 меча кои се играа ноќта меѓу саботата и неделата. Тактиката на сите била иста, да има 3+ погодоци и на крајот тоа се покажало како добитна варијанта.
На тикетот се натпревари кои се играа во Јужна, Средна и Северна Америка и што е најважно, сите завршија со најмалку три погодоци.
Уплатата е минимални 20 денари, но добивката е екстра добра и изнесува 78.870 денари. Овој тикет бидејќи е уплатен со СЛ клуб картичка, а има и 13 натпревари, влегува во трка за дополнителен џек-пот, а тоа е на играта Среќна 13-ка.
Вкупниот погоден коефициент е 4.639, па токму овој тикет е и водечки во „Среќна 13-ка“, што значи дека е фаворит за освојување на дополнителни 120.000 денари.