Неверојатен тикет ни пристигна од Куманово, кој за жал не е добитен и тоа за само еден погодок. Одиграни се 28 натпревари кои беа на понудата во Sport Life од саботата и сите се на иста тактита.
Играта е да има барем еден погодок во првото полувреме, односно 1+ полувреме. Од сите 28 натпревари, на дури 27 имаше најмалку по еден погодок на одиграните дуели, но среќата на овој обложувач ја скрати еден дуел од португалското првенство.
Тондела и Феиренсе играа 0:0 по првите 45 минути и поради тоа тикетот не е добитен. да биде маката поголема, само што почна второто полувреме, на овој дуел беа постигнати дури два погодоци и тоа во 48 и 49 минута.
Доколку имаше погодок во првиот дел на средбата Тондела и Феиренсе, влогот од само 50 денари, на обложувачот ќе му донесеше бруто добивка од 669.185 денари, односно погодена неверојатна квота од 13.383.
Како утешна награда се 500-те денари кои се добиваа поради тоа што тикетот е уплатен со Sport Life картичка. Ах, тој еден гол, место 500 денари, добивката ќе беше 10.000 евра!