Транс Нарва одигра како во транс и со неверојатни 21:0 го победи тимот на Естон Вила 2 во купот на Естонија. Блескаше Едуард Головљов со фантастични 9 постигнати голови, а ефикасен беше и Ерик Мек Вудс со покер погодоци.
Головљов имаше невидена серија од четири гола во кус рок од четири минути, откако ја погаѓаше мрежата на гостите во 59., 60. 61. и 62. минута. Нешто што тешко се постигнува во фудбалот без разлика на квалитетот на противникот.
Слична победа, за еден гол поубедлива забележа и штипска Брегалница во нашиот куп, а победена беше екипата на Ново Црнилишта со 22:0 во актуелното издание на најмасовното натпреварување во Македонија.