Нас на кој работа ни е да трчаме, не трчаме, а гледам надвор многу луѓе како трчкаат и шетаат кучиња

Дефанзивецот на Рома, Давид Запакоста е бесен на своите сограѓани затоа што воопшто не се придржуваат на правилата за време на пандемијата од Коронавирусот. Во Италија само во последните 48 часа има повеќе од 1.200 починати лица од Коронавирусот, но и тоа не е доволно алармантно за многумина да останат дома.

„Сам сум дома затоа што мојата девојка и родителите се на еден час возење од мене.Попладне вежбам во домашни услови и правам експерименти со готвење во кујната, а навечер играм Плејстејшн. Не излагам надвор, затоа што ни е речено да останеме мирни, бидејќи ситуацијата е сериозна“, вели Запакоста.

Играчот на Римската волчица вели дека останал збунет кога заминал да пазарува, кога видел колку многу луѓе има по улиците.

„Тргнав да пазарам, а по пат гледав девојки како си ги шетаат кучињата, луѓе кои одат во продавници за да купат пола леб или две-три јаболки. Има и такви кои трчаат по улиците. Абе ние кои сме платени за да трчаме, сега не трчаме, а тие решиле да трчаат. Тоа е лудо! Јас дома си направив мала импровизирана теретана и вежбам за да можам да останам што е можно повеќе во форма“, вели некогашниот играч на Челзи, а сега член на Рома.

Ситуацијата која ја опишува Запакоста во Рим многу потсетува на тоа што преку ден се случува и во Скопје, каде Градскиот парк и останатите места за рекреација се полни со рекреативци кои трчаат, возат велосипеди и вежбаат.

- Оглас -

Најнови вести