Црногорскиот репрезентативец Марко Ласица е казнет со 5 илјади евра од ЕХФ по големиот инцидент по мечот со Македонија.
Ласица по победата на Црногорците дојде до трибината со македонски навивачи и плукаше кон нив.
Ласица потоа се извини, но сепак е казнет од ЕХФ. Казна имаше и за репрезентацијата на Македонија, но за претходниот меч со Словенија кој исто така го загубивме, со 25:27, а причината беше чудна, нашите ракометари имале различни чорапи од пријавените за настап.
Казната од ЕХФ за Македонија беше 2.000 евра.