Македонскиот фудбалски стратег Влатко Андоновски, кој со своето знаење ја освои Америка, беше и селектор на женскиот национален тим на САД, а сега работи во Канзас сити, новогодишните празници ги искористи да се врати во родната Македонија. Тој беше учесник и на тренерскиот форум организиран од Едукативниот центар при ФФМ.

Влатко Андоновски беше на средба и со првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ.


