Најдобриот македонски кошаркар за 2019 година, Ненад Димитријевиќ, е избран во идеалната петорка на млади кошаркари во шпанската АЦБ Ендеса лига. Нашиот репрезентативен плејмејкер беше трети според бројот на гласови, а во гласањето учествуваа тренерите, играчите, навивачите и новинарите.
Освен Димитријевиќ, во најдобрата петорка има место и за Карлос Алосен (Сарагоса), Усман Гаруба (Реал Мадрид), Арнолдас Кулбока (Билбао Баскет) и Вит Крејчи (Сарагоса).
За Димитријевиќ пишува дека иако некогаш игра зрело како ветеран, сепак тој со 22 години е меѓу младите играчи на Хувентуд. Нено сезонава само шестпати беше во првата петорка, но тој е клучен дел од тимот на тренерот Карлес Дуран и има просек од 8,5 поени и 3,5 асистенции по меч.
Попладнево од 15.30 часот Хувентуд игра со Басконија, а во Sport Life може да се обложите и на тоа колку поени ќе даде Димитријевиќ. Границата е поставена на 11,5 поени.