Нашите екипи ќе бидат неносители: Познати можните ривали на Вардар, Работнички и Силекс во Конференциската лига

Долги 18 години Вардар чекаше за да се израдува на трофејот во Купот. Таа голгота беше прекината синоќа, кога Вардар со 2:0 славеше над Струга ТЛ во финалето и го освои пехарот. Освен пехарот, Вардар со оваа победа доби и место во европските купови за новата сезона.

Црвено-црните осум години апстинираа од европската сцена, а сега ќе бидат дел од Конференциската лига на УЕФА. Покрај Вардар, во Конференциската лига место обезбедија Работнички и Силекс.

Сите три македонски преставници имаат слаби УЕФА коефициенти и токму затоа дури и во првото квалификациско коло ќе бидат во групата на неносители. Иако неносители, македонските екипи сепак ќе имаат шанса на теренот да покажат дека имаат квалитет. Против себе ќе добијат ривал од земји како што се Фарски Острови, Албанија, Малта, Ерменија, Сан Марино, Босна и Херцеговина, Исланд, Естонија, Северна Ирска, Финска, Казахстан, Грузија, Гибралтар…

Ждрепката за првото и второто коло од квалификациите во Конференциската лига ќе биде на 17/18 јуни, а мечевите од првото коло ќе се одиграат на 10 и 17 јули.

Ова се екипите кои се дел од првото квалификациско коло во КЛ, првиот дел се носители, а вториот дел се неносителите, група во која се наоѓаат и Вардар, Работнички и Силекс.

- Оглас -

Најнови вести