Свирежи од италијанската публика и громогласно скандирање од многу помалиот број македонски фанови беше првото испитување на силите на трибините на „Ренцо Барбера“ во Палермо, и тоа во моментите кога на терен изглегоа да се загреваат нашите репрезентативци.
Први излегоа голманите на чело со Столе Димитриевски, а потоа и играчите, што ја подгреа атмосферата и крвта кај сите на стадионот.