Одбојкарската репрезентација на Македонија попладнево во 17:30 часот го игра вториот меч на Европското првенство во Словенија, а противник е Турција. И Македонија и Турција вчера загубија со по 1:3 во дуелите со Финска и Русија, што значи дека денеска е можност за поправен.
Турција ја има фаворитската улога, но традицијата е на страна на Македонија. Досега имаме одиграно два меча во Европската лига и Македонија има две победи само со еден загубен сет. Сепак, тоа се мечеви одиграни во 2014 година, што значи дека оваа генерација наши ракометари треба да ја продолжат традицијата.
„Со Турција ќе одиграме многу подобро. Македонската јавност нека продолжи да навива за нас – нема да ве разочараме!“, стои во пораката на Одбојкарската федерација на Македонија.