Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 17 години со реми од 2-2 против Унгарија го почна турнирот во Струмица од претквалификациите за ЕП.
Тимот на селекторот Влатко Колев двапати беше во негатива 0-1 и 1-2, но со головиte на Стојковски и Џангаровски, двапати успевавме да изедначиме. Покрај Македонија и Унгарија, на овој турнир учествуваат и Чешка и Гибралтар (Чесите го растурија Гибралтар со 13-0), а во елитната фаза квалификации влегуваат првите две.