Нашминката и дотерана боксерка Имане Келиф во досега невидено издание (Фото)

Олимписката шампионка во бокс Имане Келиф беше дочекана како вистинска хероина во својата земја Алжир. Келиф е боксерката поради која имаше многу дебати и полемики за тоа дали е жена или не и дали треба да ѝ се дозволи да се натпреварува на Игрите во Париз.

На крајот, Келиф стигна до златото, а по враќањето во родната земја, реши да покаже како изгледа кога е нашминкана и дотерана. Поголем дел од коментарите имаа позитивна конотација, а на еден пишува „Леле, каква дива“.

Олимпискиот одбор дозволи Келиф да настапи на најголемиот светски спортски собир иако минатата година Алжирката доби забрана да се натпреварува на Светското првенство од ИБА. Причина за тоа беа тестовите од ДНА кои покажаа дека боксерката има XY хормони, па затоа некои ја сметаа дека е машко.

- Оглас -

Најнови вести