34.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Насилникот на Шарлот остана без 60 милиони долари

Мајлс Бриџис на 24 години си ја уништи кариерата поради што не знае да ги контролира емоциите.

Овој насилник остана без 60 милиони долари откако направи скандал и ја претепа својата девојка, Мишел Вилијамс. Бриџис пред неколку дена сам се пријавил во полиција по инцидентот, па иако излезе од притвор по платената кауција од 130.000 долари, сега го чека судска постапка.

Во меѓувреме требаше да потпише нов договор со Шарлот хорнетс вреден 60 милиони долари, но наводно клубот ја повлече понудата. Така Бриџис ќе остане без клуб, а прашање е дали некој ќе го ангажира по скандалот. Мишел пак, јавно ги сподели фотографиите од здобиените повредите по нападот од Бриџис.

https://www.instagram.com/p/CfdGh08jdvz/?utm_source=ig_web_copy_link

Инаку, за Шарлот ова не е прв случај да се справува со насилен кошаркар. Во 2012 година Џеф Тејлор беше уапсен поради насилство врз своето семејство, по што НБА-лигата го суспендираше на 24 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести