Наскоро ќе експлодира јануарска трансфер бомба, Кварацхелија се сели во ПСЖ!

Грузиецот Хвича Кварацхелија наскоро ќе потпише за Пари Сен Жермен. Наполи се согласил да ја продаде својата ѕвезда за околу 80 милиони евра, што е за 40 милиони помалку од тоа што го бараа летоска.

Желбата на Квара да си замине од клубот беше голема, им кажал „Да“ на Французите, а и наполитанците сега видоа последна шанса финансиски добро да заработат на продажба на незадоволниот Грузиец кој сезонава има 5 гола на 17 меча во Серија А.

На парижаните им се брза, би сакале да ја затворат зделката до викендот, за да може да го вклучат Кварацхелија во составот за следниот многу важен натпревар од Лигата на шампионите следната недела против Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести