Следниот месец започнува фудбалското судење на векот, односно сослушувањето на Манчестер сити по 115 точки од обвинението за кршење на правилата во Премиер лигата. Како што пренесуваат медиумите од Островот, најцрното сценарио е исклучување на клубот од Премиер лигата, а поблага казна би била одземање бодови.
„На Сити му се заканува испаѓање од Премиер лигата ако се докажат најтешките обвинувања против нив. Наводното кршење на правилата вклучува недоставување точни финансиски информации за девет сезони, недоставување потполни извештаи за платата на поранешниот тренер Роберто Манчини за четири сезони, од 2009 до 2013. Недоставување потполни извештаи за бонусите на фудбалерите, вклучително и за Јаја Туре од 2010 до 2016“, пишува „Тајмс“.
Во 2019 година УЕФА го исфрли Манчестер сити на две сезони од европските натпреварувања, но тогаш Спортскиот арбитражен суд ја укина оваа одлука. Како блага казна во овој случај ќе се смета одземањето бодови.
„Сити е обвинет и дека не соработувал со истражните органи и не ги предал документите за пет сезони, односно од 2018 до 2023“ додава „Тајмс“.