Наследничката на Рајола го знае идниот клуб на Халанд: За него тоа би било исполнување на сонот

Агентката на Ерлинг Халанд, Рафаела Пимента, потврди дека уште сега го планира заминувањето на нејзиниот клиент од Манчестер сити, и тоа во тимот од соништата за фудбалерот, Реал Мадрид.

Халанд минатото лето во трансфер вреден 60 милиони евра пристигна во Манчестер сити и засега игра фантастично, на 33 натпревари постигна 33 гола, од кои 27 даде во Премиер лигата.

Пимента, која по смртта на контроверзниот агент Мино Рајола, ја презеде грижата за кариерите на фудбалерите, веќе го планира следниот потег и изјави дека за Халанд сон е да заигра во дресот на Реал Мадрид.

„Постои Премиер лигата, а тука е и Реал Мадрид. Реал Мадрид има нешто свое во себе што го прави „земја на соништата“. Реал ја одржува таа магија, не се натпреварува во лига како Премиер лигата, но затоа ја има Лигата на шампионите“, изјави Пимента на фудбалскиот самит што се одржа во Лондон.

- Оглас -

Најнови вести