20.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Наследникот на Алегри на клупата на Јувентус ќе биде поранешен играч на Интер

Масимилијано Алегри повеќе од сигурно е дека на крајот од сезоната ќе си замине од Јувентус, а италијанските медиуми веќе го знаат името на неговиот наследник, тоа треба да биде поранешен играч на Интер.

Јувентус по откажувањето од Европа, игра сè подобро во Серија А, во неделата го совлада Милан (1:0) и се наоѓа на третото место на табелата со 20 бода, два помалку од лидерот Интер, но и тоа нема да му ја спаси работата на Алегри.

Спортскиот директор на Старата дама, Кристијано Џунтоли, смета дека платата на Алегри од 13,5 милиони евра годишно е преголем товар за клубот и сака да го замени со актуелниот тренер на Болоња, Тијаго Мота.

Болоња под палката на Мота, кој е поранешен играч на Јувентус, игра одлично, сезонава во девет кола има само еден пораз, од Милан, а одигра нерешено со Јувентус, Наполи и Интер и експертите му предвидуваат голема тренерска кариера.

- Оглас -

Најнови вести