Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд во летниот преоден рок остана без Ерлинг Халанд, кој замина во Манчестер сити и како негова замена го ангажира Себастијан Але, за кого плати 31 милион евра, но напаѓачот не одигра ниту еден натпревар за Милионерите.
На Але, кој во минатата сезона во дресот на Ајакс на 43 натпревари даде 34 гола, му е откриено дека боледува од рак на тестисите.
Тој веднаш започна со терапија и се појавија информации дека би можело да се врати на терените напролет идната година.
Но, 28-годишниот напаѓач денеска објави дека неговата битка со ракот не е завршена. По хемотерапијата, ќе мора да оди на уште една операција:
„Ќе морам да одам на уште една операција за да се ослободам од овој тумор кој ме оддалечи од терените“, порача Але.