Актуелниот тренер на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим, е подготвен од следната сезона да го предводи Ливерпул.
Португалските медиуми денеска објавија дека Аморим на своите најблиски соработници им рекол дека ќе ја прифати понудата на Ливерпул да го наследи Јирген Клоп на клупата од следната сезона.
https://twitter.com/AnfieldSector/status/1774401120380567778
Но, засега тој е целосно фокусиран на Спортинг Лисабон бидејќи сака да се прости со шампионска титула, и до завршување на сезоната нема намера да зборува за интересот и договорот со Ливерпул.
Спортинг Лисабон е лидер во португалскиот шампионат со еден бод повеќе од Бенфика, а згора на тоа има и натпревар помалку, а овие два тима в вторник ќе го одиграат реванш полуфиналниот натпревар од португалскиот куп. Првиот меч заврши со триумф на Спортинг од 2:1.
Челниците на Ливерпул се одлучиле за Аморим да биде нов тренер на Црвените, откако првиот избор Чаби Алонсо изјави дека и следната сезона ќе го води Баер Леверкузен.