Само неколку дена откако го договори трансферот на Франк Кеси во Ал-Ахли, Барселона може да продаде уште еден фудбалер на саудиска екипа.
Неименуван тим од Саудиска Арабија подготвил понуда која Барселона не може да ја одбие за 20-годишниот Ансу Фати.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1688518073769177088?s=20
Кеси е продукт на славната академија на Барселона, Ла Масиј. Во првиот тим беше вклучен во 2020 година, а управата во него го гледаше наследникот на Лионел Меси и дури му ја даде „десетката“ на Аргентинецот.
Но, минатата сезона Фати имаше големи проблеми со повредите и го загуби местото во првиот тим, по што започнаа шпекулациите за негово заминување.