Наследниците на Дрогба ќе го покажат квалитетот против Јужна Африка

Брегот на Слоновата Коска – Јужна Африка (16:30 часот – Африкански куп на нации, прво коло)

Долго време Дидие Дрогба беше лицето на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, а сега неговите наследници ќе треба да го обелат образот. Како едни од фаворитите за освојување на Африканскиот куп, на чело со Вилфред Заха и Николас Пепе ќе треба да го покажат квалитетот против селекцијата на Јужна Африка.

Во три досегашни дуели, БСК нема остварено победа над Јужноафриканците. Во далечната 1998 година во рамки од ова натпреварување ремизираа, истото се случи во 2011 во меч од пријателски карактер, додека третиот дуел припадна на Јужна Африка со 2-0.

Брегот во пресрет на овој шампионат дојде со солидна форма. Во пет дуели претрпе само еден пораз, додека останатите ги доби, па со премиерна победа ќе се обидe да го одржи доброто расположение. Сепак, најдобро е овој меч да се типува на голови, многу веројатно може да се постигне најмалку по еден и во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.15)

 

Шпанија ж. – САД ж. (18 часот – Светско првенство жени, осминафинале)

Актуелните светски владетелки како прв испит во нокаут фазата ја добија селекцијата на Шпанија. Можеби машкиот тим на Црвената фурија е еден од најдобрите во светот, но истото не важи и за националниот состав од понежниот пол. САД како апсолутен фаворит во овој дуел, а и воопшто на женскиот Мундијал целат на нова круна, а Шпанките ќе треба да се надминат себеси за да не го завршат шампионатот по првата рунда во нокаут фазата.

Во јануари годинава САД и Шпанија за првпат се сретнаа во пријателски натпревар, во кој Американките славеа со минимални 1-0. Но, тој меч не е мерило бидејќи влогот сега е многу поголем.

Предлог тип: X2 & 2-3 (2.05)

 

Франција У21 – Романија У21 (21 часот, ЕП за играчи до 21 години, трето коло)

Французите имаат последна шанса да обезбедат пласман во полуфиналето од Европското за млади, а против разиграните Романци ќе треба да триумфираат со било каков резултат за да одат понатаму. Евентуален исход од 3-0 ќе биде добар и за Италијанците, бидејќи на тој начин тие би имале подобра гол-разлика од Романија и домаќините на ЕП би се пласирале понатаму како најдоброрангирана од табелата на второпласирани селекции.

Романија против Англија покажа дека сериозно го сфати ова натпреварување, и со синовите на поранешни легенди ќе се обидат да направат сензација. Во четирите претходни меѓусебни дуели Французите добија два, додека два завршија без победник, па со нов евентуален триумф ќе ја продолжат позитивната низа.

Предлог тип: 1 (2.80)

 

Чиле – Уругвај (01 часот – Копа Америка, трето коло)

Последното коло од групната фаза на Копа Америка носи и големо дерби меѓу актуелниот бранител и најтрофејната селекција. Уругвај во улога на фаворит ќе се обиде да му го нанесе првиот пораз на Чиле, што пак нема многу да им ги поремети плановите. Ова е битка за првото место во групата Ц, a на кое што стојат Чилеанците со две победи. Избраниците на Оскар Табарес, повтоно ќе бидат предводени од голгетерското дуео Суарес-Кавани, а овојпат имаат задача да се поправат по ремито од 2-2 против Јапонците.

Традицијата вели дека Уругвај ќе биде победник на овој меч, бидејќи имаат многу подобар скор во меѓусебните дуели против Чилеанците.

Предлог тип: X2 & 2-4 (2.10)

 

Еквадор – Јапонија (01 часот – Копа Америка, трето коло)

По овој дуел ќе се знае конечниот исход во табелата на третопласирани селекции. Таму засега лидери се Перу со четири бода, Парагвај има два, а токму Јапонците кои имаат еден бод со триумф над Еквадор ќе може да обезбедат пласман понатаму. Но, шанси за тоа имаат и Еквадорците и покрај двата порази. Три бода ќе им бидат доволни за четвртфинале, односно би го презеле местото на Парагвај.

Такви се и очекувањата, Еквадор за нијанса е фаворит во пресрет на овој меч и многу веројатно ќе ја оствари својата цел. Инаку, овие две селекции за првпат по 2006 година ќе играат меѓусебе. Единствениот дуел кој воедно беше контролка го доби Јапонија со минимални 1-0.

Предлог тип: Т12+ & ГГ (2.75)

- Оглас -

Најнови вести