Во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, се појави огромен мурал со ликот на легендарниот фудбалер Диего Марадона, и тоа во дресот на националниот тим.
Муралот висок 45 метри и широк 40 метри е насликан на 14-катница во Буенос Аирес е уште еден гест на почит и респект што Аргентинците му ги одаваат на нивниот фудбалски „бог“ непосредно пред почетокот на Светско првенство во Катар, прво по смртта на Марадона на 25 ноември 2020 година.
WATCH: A giant mural of the late soccer legend Diego Maradona was painted in Buenos Aires, Argentina, to commemorate what would have been his 62nd birthday at the end of October https://t.co/CWC1nAQi6A pic.twitter.com/Xurkn2dS4a
— Reuters (@Reuters) October 31, 2022
Муралот го наслика познатиот уличен уметник Мартин Рон, а инспирацијата ја најде во фотографијата на Марадона која која го прикажува неговиот израз непосредно пред да почне да ја пее националната химна пред финалето на Светското првенство во 1990 година. Во финалето Аргентина загуби од тогашна Западна Германија со 1:0.
„Оваа фотографија отсликува сè што беше Диего. Освен што беше фудбалер, тој беше и храброста, моторот, срцето на репрезентацијата и на цела Аргентина. Неговото отсуство ќе се почувствува, Диего отсекогаш беше ѕвезда. За жал, ќе го нема во Катар“, рече Рон.
Муралот на Рон официјално беше откриен во недела на 30 октомври, на роденденот на легендарниот фудбалер.
Марадона почина на 60-годишна возраст од срцев удар во својот дом додека се закрепнуваше од операција на мозокот.