Бразилецот Рафиња заврши на петтото место во гласањето за Златната топка, иако беше прв стрелец во Лигата на шампионите и имаше неверојатен придонес од 59 голови и асистенции на 57 меча.
Ако се гледаа само бројките и статистиката, тогаш Рафиња требаше да биде во топ 3. Но, Каталонците преку својата пропаганда го форсираа младиот Ламин Јамал, кој даде многу помалку голови, а имаше и помалку асистенции од Бразилецот.
Рафиња сфати што се случува и веќе покажува знаци на љубомора кон Јамал, со кого жареа и палеа минатата сезона. Сезонава Јамал головите ги прославува со симулирање на ставање круна на главата, си се прогласува за крал, а изразот на лицето на Рафиња покажува дека тоа не му се допаѓа.
Затоа пак синоќа, кога Роналдињо го прогласи Усман Дембеле за освојувач на Златната топка, Рафиња беше снимен како се смее и се гледа задоволство на неговото лице, иако наградата ја доби играч на ПСЖ, а не неговиот соиграч од Барса.