25.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Насмевки и позитивно расположение кај девојките на првиот собир пред двомечот со Шпанија

Македонската женска сениорска репрезентација означи старт на подготовките за квалификациските натпревари против Шпанија за пласман на ЕП 2024.

Првиот натпревар се игра в четврток (29-ти февруари) во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, влезот е слободен, а вториот натпревар со Црвената фурија се игра во Ланзароте на 3 март.

Нашите ракометарки на првите два квалификациски натпревари запишаа две победи, против Азербејџан на домашен терен и против Литванија на гости, и заедно со Шпанија го делат првото место во групата, а првите две одат на ЕП во ноември и декември годинава.

Капитенот Елена Ѓоргиевска даде изјава на првиот собир.

„Имаме два меча кои се многу важни за нас, играме со велесилата Шпанија. Се надевам дека ќе дадеме максимум. Уште не сме комплетни, фалат неколку девојчиња. Девојките се позитивни, насмеани, уште од првиот ден. Најважно е дека сите се среќни и одвај чекаме да дојде крајот на неделата и да играме вакви мечеви кои се позитивни за нас и треба да дадеме што е можно повеќе“, вели Ѓоргиевска.

- Оглас -

Најнови вести