Насмевки на лицата кај македонските репрезентативци – Ја знаеме Грузија и пак ќе ја победиме (Фотогалерија)

Со насмевки на лицата македонските репрезентативци го одработија последниот тренинг пред мечот со Грузија во Лигата на нациите закажан за утре од 20.45 часот во Скопје.

Благоја Милевски за првпат ќе мора да подготви победничка тактика за селекцијата што ни е ривал и има 7 меча без пораз во серија, но и ја победивме во најважниот меч во нашата историја пред две години за пласман на Европско првенство.

Тогаш Игор Ангеловски како селектор на Македонија беше мудар и храбар и успеа да нè предводи до победа од 1:0 во Тбилиси и заминавме на историски прв настап на ЕП.

И Милевски има квалитет да најде рецепт за победа против селекцијата што ја води познатиот фудбалски ас Вили Сањол, сега како селектор на Грузијците.

Мечот ќе се игра утре на националната арена „Тодор Проески“ од 20.45 часот и ако победи Македонија, ќе биде нов лидер на табелата во четвртата група од Сегментот Ц во Лигата на нациите.

 

- Оглас -

Најнови вести