Насри се врати во Премиер лигата

Вест хем си доби новогодишно засилување. Англискиот премиерлигаш во своите редови го претстави Самир Насри. Искусниот француски играч потпиша договор до крајот на сезоната, со опција за продолжување на уште една сезона. Насри во новиот дрес ќе го носи бројот 18.

„Ми се допадна клупскиот проект и амбициите кои ги има Вест хем. Овој клуб игра на Олимпискиот стадион и секогаш го гледаат 60.000 навивачи. Зар може да има поголема мотивација од тоа? Мислам дека Вест хем има предиспозиции да биде еден од најдобрите клубови не само во Лондон, туку во цела Англија“, рече Насри на преставувањето на новиот клуб.

Самир е играч кој потекнува од Олимпик Марсеј, а во кариерата има настапувано за Арсенал, Манчестер сити, Севилја и Анталијаспор. Во Премиер лигата има големо искуство, бидејќи досега има одиграно 215 натпревари, а со Манчестер сити беше шампион во 2012 и 2014 година.

 

- Оглас -

Најнови вести