21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Настапува на Отвореното првенство на САД, но јавно се пофали колку заработува од излегување со момчиња и од продавање фотографии каде што е гола

Саша Викери е американска тенисерка која најдобриот пласман на ВТА-листата го имаше на 73-тото место во светот. Таа сега игра во квалификациите за влез на главниот турнир на Отвореното првенство на САД. Успешно го помина првиот предизвик откако со 2-0 (7-5, 7-5) ја победи Анастасија Соболева и се пласира во второто квалификациско коло.

Сепак, Викери многу повеќе ја заинтересира јавноста со нејзината приказна за заработката која ја има надвор од тенискиот терен. Викери призна дека заработува повеќе од продажба на содржини на платформи за возрасни отколку од тенис.

„На почетокот не мислев дека ќе го направам ова, но сум многу отворена и не ми е гајле што мислат луѓето. Ова се најлесните пари што некогаш сум ги заработила и навистина уживам во нив“, рече таа.

Викери исто така отворено го објасни својот нов пристап кон состанувањето, повеќе не излегува со мажи бесплатно, туку наместо тоа, бара депозит од 1.000 долари пред кој било состанок. Таа повеќе не мисли лошо за девојките што се на OnlyFans.

„Никогаш повеќе нема да зборувам глупости за нив. Сумата што ја заработив таму само за два дена ме преплави со емоции. Навистина ме потресе“, открива Викери.

Иако падна под 500-тото место на ВТА-листата поради новите приоритети, Саша синоќа ја победи противничката рангирана 300 места над неа, сигнализирајќи дека враќањето на врвот на светскиот тенис можеби е сè уште можно.

- Оглас -

Најнови вести