Млад наставник од Њујорк заработи еден милион долари благодарение на облогот што го направил на Светското првенство во Катар. Настаникот чие име не е откриено, верувал дека репрезентацијата на Мароко ќе се пласира во четвртфиналето на Мундијалот, иако не знаел ниту еден фудбалер од составот на африканската селекција.
Овој Американец уплати 91.000 долари дека Мароко ќе ја елиминира Шпанија и дека африканскиот тим ќе биде во Топ 8 во светот. Мароко се радуваше против Шпанија и тоа дури по подобро изведување на пенали. Ова е најголем успех на Мароко на планетарните собири, а наставникот најмногу се радувал бидејќи му донело добивка од еден милион долари.
„Не го гледав мечот. Од време на време проверував на телефонот како е резултатот. За Мароко не знаев ништо. Ниту еден играч од овој состав не знам. Врска немам зашто така одиграв. Јас сум обичен дегенерик, но на крајот среќата едноставно ми се насмевна“, рекол добитникот, кој одел на тактика дека никој не се обложувал на Мароко и дека сите го потцениле овој тим, па затоа решил да стави толкава голема сума на голем коефициент.
A $1 MILLION WINNER THANKS TO MOROCCO 🤑
(via @PropSwap | @FDSportsbook) pic.twitter.com/LoS6Mrho9h
— Action Network (@ActionNetworkHQ) December 6, 2022