Наташа Андонова ќе биде дел од историјата во шпанскиот фудбал ако остане во Леванте или во некој друг прволигаш откако денеска е донесена конечна одлука женската Примера да биде комплетно професионална лига.
Дамите во Шпанија играат прволигашки фудбал од 1988 година, но никогаш досега немале професионален статус, а тоа за првпат ќе биде од следната сезона.
Таква одлука донесе Шпанската влада со едногласно изјаснување за професионален статус на најсилната фудбалска женска лига во земјата.
Following intense negotiations and a history of strong collective action, today the Spanish government unanimously approved the statutes of the @PrimerIberdrola, making it professional from next season.
Congratulations to all the players and @AFEFutbol for making it happen. pic.twitter.com/GkJpE4zATp
— FIFPRO (@FIFPRO) March 14, 2022
Андонова игра во Шпанија од 2017 година, откако од Пари Сен Жермен се пресели во најтрофејниот шпански клуб Барселона.
Таму играше до 2019 година, а потоа се пресели во Леванте и има договор до крајот на оваа сезона.
Ако го продолжи или се пресели во друг шпански клуб од Примера, тогаш ќе биде дел од првата генерација фудбалерки што имале професионален статус во најсилната женска лига на оваа земја.