Фудбалерите на Барселона и Виљареал го одиграа најдобриот натпревар сезонава во Ла Лига кој заврши со триумф на Жолтата подморница од 5:3. На дуелот на „Монжуик“ имаше пресврти, но и контроверзи поради кои во Барселона ќе фрлаат дрва и камера против судиите.
До 60-та минута водеше со 0:2 и тоа со головите на Жерар Морено и Акомах, но потоа следуваа неверојатни 11 минути во кои каталонскиот тим направи пресврт.
Гундоган во 60-та минута намали на 1:2, а осум минути подоцна Педри го израмни резултатот.
Во 71-та минута, Ерик Баји ја смести топката во сопствената мрежа и и донесе водство на Барселона од 3:2.
Жолтата подморница не се предаде и во 84-та минута преку Гонзало Гуедеш го израмни резултатот.
Вистинско лудило се случуваше во судиското продолжение кое стартуваше со контроверзен момент.
Во првата минута од судиското продолжение, судијата Мунуера Монтеро покажа на белата точка за Барселона бидејќи топката од шутот на Гундоган удри во раката на еден од играчите на Виљареал.
Монтеро прво покажа на белата точка, но потоа судијата во ВАР-собата го повика да ја прегледа снимката, по што одлучи да ја промени одлуката бидејќи раката на играчот на Виљареал беше споена со телото.
Тоа не беше се бидејќи Виљареал во 99 и во 101 минута преку Сорлот и Моралес постигна два гола за триумф од 3:5.