6001 – Наполи – Унион Берлин (18:45)
Екипата на Наполи ја има фаворитската улога во дуелот против Унион Берлин и со евентуална победа речиси ќе го обезбеди пласманот во следната фаза на Лигата на шампионите. Клубот за којшто настапува нашиот интернационалец Елиф Елмас на првиот натпревар во Германија победи со 0-1, а денес очекувањата се дека двете екипи ќе одиграат ефикасен меч. Унион Берлин веќе нема што да брани и мора да нападне доколку сака да остане во конкуренција барем за третото место, кое води во Лигата на Европа, а тоа е гаранција за ефикасен натпревар.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.07)
6007 – Реал Мадрид – Брага (21:00)
На натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Брага не треба да се говори кој е фаворитот, а Кралевите со победа ќе останат максимални и на две кола пред крајот на групната фаза ќе го обезбедат пласманот во осминафиналето. На првиот натпревар кој се одигра во Португалија, Реал победи со 1-2, со по еден погодок во двете полувремиња. Очекувањата за денес се дека ќе биде слично, но со некој гол повеќе во мрежата на Португалците.
Предлог тип: Т1 1+I & T1 3+ (2.06)
6004 – Баерн Минхен – Галатасарај (21:00)
Баерн Минхен со победа од 1-3 си замина од гостувањето во Истанбул против Галатасарај, а денес против истиот противник, но на домашен терен може да го чекира билетот за следната фаза од Лигата на шампионите. Нема сомнение дека Баварците се фаворити, но според она што го прикажа Галатасарај на првиот натпревар, се очекува вечерва да се затресат двете мрежи на „Алијанц арената“.
Предлог тип: 1 & ГГ (2.21)
6008 – Салцбург – Интер (21:00)
Екипите на Салцбург и Интер вечерва во директен дуел ќе одлучуваат за втората позиција на табелата. Интер има седум бода, а Салцбург три и ова е последната шанса за клубот од Австрија да фати приклучок во борбата за пласман во осминафиналето. На првиот натпревар одигран на „Џузепе Меаца“, Интер дојде до победа од 2-1 со гол постигнат од пенал, а ефикасен фудбал и голови во двете мрежи се очекуваат и вечерва.
Предлог тип: ГГ и 3+ (2.21)
6003 – Арсенал – Севиља (21:00)
Арсенал ја победи Севиља со 1-2 на гостински терен минатото коло, со по еден гол во двете полувремиња. Очекувањата се дека и вечерва ќе биде слично и Топчиите ќе бидат ефикасни и во двете полувремиња за нова победа која ќе ги реши дилемите околу пласманот во следната фаза. На Севиља ќе ѝ остане да се бори за третото место и за Лигата на Европа, натпреварување кое и тоа како им лежи.
Предлог тип: Т1 1-3I & 1-3II (2.11)