Натпреварите од топ-5 лигите прават тикет со одлична квота во Sport Life (Фото)

1001 Вест хем – Вулверхемптон (21:00)

Вест хем и Вулверхемптон го отвораат 32-рото коло од Премиер лигата, а очекувањата се дека ќе има ефикасен фудбал во Лондон. Гостите се веќе испаднати, а домашните грчевито се борат за опстанок, па головите треба да бидат неизбежен декор на овој меч. Очекувањата се дека головите ќе ги има помеѓу еден и три во двете полувремења, а квотата за такво нешто во Sport Life е одлична.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.95)

 

1301 Реал Мадрид – Жирона (21:00)

Реал Мадрид нема право на кикс доколку сака да ја продолжи трката со Барселона за шампионската титула. На „Сантијаго Бернабе“ вечерва гостува Жирона, екипата која веќе славеше над каталонскиот сосед оваа сезона, но „кралевите“ не го искористија тој кикс на ривалот. Реал Мадрид во овој меч влегува со два порази во низа, од Мајорка и Баерн Минхен, па избраниците на Алваро Арбелоа веќе немаат право на кикс, посебно не пред своите гледачи.

Предлог тип: 1-1 & 3+  (2.30)

 

3001 Рома – Пиза (20:45)

Доколку Рома сака да ја продолжи битката за четвртото место и пласман во Лигата на шампионите, ќе мора вечерва да ја победи Пиза пред својата публика. „Римската волчица“ е на шесттото место со заостанување од четири бода во однос на четвртиот Комо, па победата е единствениот избор за избраниците на Гасперини. Пиза е на последната позиција во Серија А и има само теоретски шанси да се спаси од испаѓање.

Предлог тип: 1 & 3-6 (2.23)

 

1801 Аугсбург – Хофенхајм (20:30)

Германскиот фудбал е синоним за ефикасни натпревари и голови, а вечерва нив се очекува да ги има и во двете мрежи. Хофенхајм е петти со реални шанси за пласман во Лигата на шампионите, додека Аугсбург е 11-ти и се чини доволно далеку и од битката за Европа, но и од опасната зона.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.83)

 

1702 Марсеј – Мец (21:05)

Фудбалерите на Марсеј вечерва треба да имаат лесна задача, бидејќи им гостува убедливо најслабата екипа во француската Лига 1, Мец. Домашните водат битка за третото место, кое носи директен пласман во Лигата на шампионите, но и за четвртото кое значи пласман во квалификациите. Гостите се последни на табелата со само 15 бода по 28 првенствени кола.

Предлог тип: 1 & Т1 3+ (1.96)

- Оглас -

Најнови вести