Натпреварите од топ-5 лигите се вистински предизвик за играчите на Спортска прогноза

Новата, шеста сезона од бесплатната игра на Sport Life, Спортска прогноза, нуди 13+2 натпревари од најквалитетните пет европски фудбалски лиги.

По три натпревари се од Германија, Англија, Шпанија и Франција, додека еден меч е од италијанската Серија А. Бонус натпреварите се од Премиер лигата и Ла Лига.

Можноста за типување е отворена до сабота во 15:30 часот, кога започнува првиот натпревар, а тоа е мечот помеѓу Келн и Волфсбург.

Најголеми шанси за победа на домашните екипи, според играчите на Спортска прогноза, имаат екипите на Брентфорд, Монца, Монпелје, Стразбур и Валенсија, додека од гостинските екипи тоа е Баер Леверкузен.

Стандардно, награди ќе има за првопласираните петмина во Генералниот пласман. Победникот добива ваучер од 30.000 денари од „Анхоч“, а за тие од второ до петто место предвидени се СЛ Маркет поени. Второто место носи 500.000 поени, третото 400.000, четвртото 300.000, а петтото место 200.000 СЛ Маркет поени.

Приклучете се, не испуштајте ниту едно коло од шестата сезона на Спортска прогноза, редовноста и упорноста се исплаќаат!

- Оглас -

Најнови вести