Натпреварите од втората лига во Холандија гарантираат голови

3636 Мура – Домжале (17.30 ч.)

Во последниот натпревар од 20-то коло во словенечкиот шампионат играат Мура и Домжале кои се борат за позиции на табелата кои носат пласман во квалификациите за европските натпреварувања. Мура се наоѓа на петтата позиција и е на само три бода од местото кое носи пласман во Европа, додека Домжале е шести. И двете екипи се наоѓаат во добра форма, Мура има една победа и две ремија на последните три средби, а Домжале е во мини серија од две победи. Традицијата е на страната на Мура која ретко губи на домашен терен од Домжале и во последните девет години има само еден пораз. Исто така, нивните средби ретко завршуваат без голови, последен пат Мура на домашен терен одиграла без голови против Домжале било во 2019 година. За очекување е Мура да ја продолжи традицијата на добри резултати на домашен терен против Домжале.

Предлог тип: 1Х &2-4 (1.89)

 

1363 Алавес – Леванте (21 ч.)

Алавес загуби во последните две кола во втората шпанска лига и падна од второто на четвртото место на табелата. Поранешниот тим на Енис Барди, Леванте, нема пораз во последните 10 натпревари (6 победи и 4 порази). Во меѓусебните дуели, обично домашниот тим ретко губи, па се очекува и вечерва Алавес да ја прекине серијата од два порази.

Предлог тип: 1Х &1-3 (2.14)

 

1648 Јонг АЗ – Јонг ПСВ (18.45 ч.)

Втората холандска лига е една од најефикасните во Европа и се очекува тој тренд да продолжи и вечерва во дуелот во кој играат вторите екипи на АЗ Алкмар и ПСВ Ајндховен. Јонг АЗ игра во подобра форма и се наоѓа на седмата позиција на табелата и на 15 натпревари има постигнато 25 гола. Јонг ПСВ се наоѓа во златната средина на табелата, и има гол разлика 25-25. Досега одиграле девет натпревари меѓу себе и само еден завршил без голови и тоа во 2019 година. Минатата сезона и двата натпревари завршија со идентични 2:0, а беа постигнати по еден гол во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I &1-3 II (1.86)

 

1649 Цволе – Хелмонд (21 ч.)

Во вториот натпревар од втората холандска лига, Цволе е апсолутен фаворит против Хелмонд и се освен убедлив триумф ќе претставува изненадување. Цволе и втор на табелата и има три победи по ред на кои постигна 12 гола, додека Хелмонд е 18-ти и игра променливо. За очекување е Цволе да дојде до сигурен триумф и да се зацврсти на втората позиција која носи директен пласман во најсилната холандска лига, Ередивизија.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.25)

 

2861 Боависта – Гимараеш (21.30 ч.)

Во време кога португалската репрезентација настапуваше на Светското првенство во Катар, се играа натпреварите од второто куп натпреварување, Лига купот. Боависта вечерва игра против Гимараеш и со евентуален триумф ќе го завери првото место во својата група која носи пласман во плеј-офот на Лига купот. Боависта во првите две кола оствари победи над нисколигашите БСАД и Вилафранкенсе, додека Гимараеш ремизира на двата меча. Боависта се наоѓа во подобра форма и за очекување е да дојде до победата над второлигашот и да го завери првото место.

Предлог тип: 1 (2.85)

- Оглас -

Најнови вести