Фудбалската федерација на Италија и клубовите се договорија сите натпревари што ќе се играат викендов да почнат со пет минути задоцнување во знак на протест против војната во Украина.
Русија од вчера презеде воени дејствија на територијата на Украина што сè уште се во тек.
+++#Figc: tutte le partite di calcio in #Italia nel weekend inizieranno con 5 minuti di ritardo per protesta contro la guerra #Russia–#Ucraina+++#SerieA
— Sportface (@sportface2016) February 25, 2022
Денеска ќе се играат два меча од Серија А, во 18.45 часот на „Сан Сиро“ ќе играат Милан и Удинезе, а од 21 часот Интер ќе ѝ биде гостин на Џенова.
Останатите дуели од 27-мото коло ќе се играат во сабота, недела и во понеделник.