Наце е голем навивач на Барса, со претседателот Лапорта заедно славеа титула и го вееја македонското знаме (Фото)

Наце Митев е еден од најпознатите навивачи на македонските репрезентации во сите спортови и редовно е на натпреварите што ги играме во странство, а е познат и како голем навивач на Барселона.

Денеска беше и на трибините во Келн, во „Ланксес арена“ и преживеа драматично финале во кое неговиот миленик Барселона на пенали ја освои рекордната 11-та шампионска круна во Европа.

Победен беше Кјелце во маратонски меч со 37:35, а Наце успеа да дојде до првиот човек на фудбалскиот клуб Барселона, Жоан Лапорта, и со него да го развее македонското знаме.

- Оглас -

Најнови вести