Репрезентацијата на Македонија точно напладне го имаше својот прв собир во Скопје за претстојните квалификациски натпревари за СП во Катар.
Благоја Милевски иако не можеше да смета на голем дел од планираните фудбалери поради повреда, сепак расположението е на високо ниво, онака како што и треба да биде.
По сместувањето во хотелот, репрезентативците во 17:00 часот ќе одработат и тренинг на комплексот терени „Петар Милошевски“ на ФФМ.
Како што е познато, тие во четврток ќе играат против Ерменија на гостински терен, а три дена подоцна ќе го пречекаме Исланд на арената „Филип Втори во Скопје.
View this post on Instagram