Националната лига во Англија прва се пријави во ФА – Го завршуваме првенството

Бероу и Херогејт таун да бидат нови членови на Лига 2 во Англија, а Фајлд и Чорли да се преселат во понизок ранг е предлогот на раководните лица на Националната лига до Фудбалската асоцијација на Англија.

„Донесовме одлука да ја завршиме сезоната и да постапиме според моментниот пласман на табелата, но ќе почекаме потврда од ФА“, објавија челниците на петтата по квалитет фудбалска лига во Англија.

Националната лига е прва во Англија што и официјално побара да се заврши сезоната, која моментно е во прекин поради Коронавирусот.

Можна солуција, или план Б е и комплетно да се поништи натпреварувачкиот циклус и да нема испаѓање, па следната сезона да се игра со 26 клуба, наместо како досега со 24 претставници, што е предлог-формат и за Лига 2, која е еден ранг повисоко од Националната лига на Англија.

- Оглас -

Најнови вести