4.8 C
Skopje
петок, 28 ноември 2025

Национални тимови подготвуваат тужба против ФИФА поради Кристијано Роналдо?

ФИФА би можела да се соочи со правни предизвици по одлуката да го укине преостанатиот дел од суспензијата на Кристијано Роналдо и да му дозволи да игра во првите два натпревари од претстојното Светско првенство.

Според извештаите, репрезентациите кои ќе бидат извлечени во групата со Португалија ја разгледуваат можноста да поднесат тужба до Арбитражниот суд за спорт (CAS) за да ја оспорат одлуката на Дисциплинската комисија на ФИФА. 

Роналдо прво беше суспендиран на три натпревари од страна на дисциплинската комисија на ФИФА по директниот црвен картон за удирање со лакт врз О’Ши во квалификацискиот натпревар против Ирска во Даблин. Португалија го загуби натпреварот, а Роналдо почна да ја отслужува казната против Ерменија, во натпревар што Португалија го доби со 9-1.

ФИФА, повикувајќи се на член 27 од дисциплинскиот правилник, кој дозволува целосно или делумно одложување на дисциплинската мерка, ја преиначи казната и стана условна на едногодишен период, со напомена дека во случај на сличен прекршок, казната автоматски ќе се реактивира.

Евентуалните жалби од други федерации би требало да понудат валидни правни аргументи и да докажат дека одлуката на ФИФА била погрешна. Експертите велат дека случајот би можело да има пошироко влијание бидејќи другите национални тимови чии играчи не добија олеснување во дисциплинските постапки би можеле да го следат развојот на ситуацијата.

Роналдо треба да игра по шести пат на СП. 

- Оглас -

Најнови вести